Дваесетина лица во моментов се пред Судија на претходна постапка на распит, во скопскиот кривичен суд, поради сомнеж дека сториле злоупотреба на службена положба и овластување при распределба на земјоделски субвенции – дознава порталот Судство.мк.

Од судот и од Обвинитеството засега ништо официјално не соопштуваат, но според неофицијалните сознанија на порталот, приведените се сомничат за сторена злоупотреба на службена положба и овластување, согласно член 353 став 5 од Кривичниот законик на РМ и ним им се заканува казна затвор од најмалку пет години.

Извор: www.sudstvo.mk