Владата на денешната седница, на предлог на вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска Јанковска, донесе одлука сите министерства да достават информација за нивните правилници и практики, за исплати на надомест за дополнителна и прекувремена работа на службениците во министерствата ангажирани во совети и комисии.
Оваа информација потоа треба да послужи како основа за утврдување на принципите, врз основа на кои владата треба да донесе став по ова прашање, се наведува во соопштението на Владата.