Државната комисија за спречување на корупцијата денеска продолжи со јавните седници во врска со приговори и барања поврзани со изборниот процес. Антикорупциска отвори нов случај за прераспоредување по распишување на изборите и отфрли како неоснован уште еден приговор.

До Комисијата се уште не се пристигнати одговори на барањата во врска со приговорите кои беа прифатени на претходните јавни седници, а во врска со откази и дисциплински постапки по распишување на изборите.

Денеска на јавната седница Комисијата реши да отвори случај во врска со приговорот за прераспоредување на д-р Елена Шикаловска од Охрид против ЈЗУ Општа болница – Охрид. Таа била прераспределена на друго работно место по распишување на локалните избори, а исто така врз основа на доставените документи и била намалена и платата.

Антикорупциска го одби приговорот на Јовица Јовевски како неоснован против Службата за општи и заеднички работи на Владата на Република Македонија кој исто така се жали на прераспоредување.