Судот ги отфрли барањата на СЈО за определување притвор за обвинетите во предметите Таргет и Тврдина.

Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1 Скопје, по разгледување на предлогот, како и ценење на фактите и доказите приложени во истиот, донесе решенија со кои:

Предлогот за определување мерка притвор против обвинетите С.М., Г.Г., Н.Н., Т.Ј. и Н.Б., се одбива како неоснован, а по повод предлогот по службена должност им се определуваат мерки за претпазливост и тоа на С.М., Г.Г. и Н.Н. – обврска обвинетите еднаш неделно да се јавуваат на надлежно службено лице во судот и привремено одземање на патна исправа и забрана за издавање нова патна исправа; на обвинетиот Н.Б., – обврска обвинетиот еднаш неделно да се јавува на надлежно службено лице во судот и привремено одземање на патна исправа и службена патна исправа и забрана за издавање на нови; на обвинетиот Т.Ј. – обврска обвинетиот еднаш неделно да се јавува на надлежно службено лице во судот.

Предлогот за определување мерки за претпазливост на Е.Џ. И тоа – обврска обвинетиот еднаш неделно да се јавува на надлежно службено лице во судот и привремено одземање на патна исправа и забрана за издавање нова, се уважува. Против овие решенија, странките имаат рок за жалба од 3 дена до апелациониот суд.

За предметот Титаник судот ќе одлучува утре.