Интензитетот на сообраќајот на патните правци во земјава надвор од градските средини е зголемен, а на граничните премини Богородица и Дојран со Грција, за влез и за излез се чека околу 30 минути, информира Автомото-сојузот на Македонија (АМСМ).

На останатите гранични премини, нема подолги задржувања. Од АМСМ потсетуваат дека овие информации се однесуваат само за македонската страна од премините.

Инаку сообраќајот на државните патишта во земјава се одвива по суви коловози.

Од вчера на сила стапи примената на времениот режим на сообраќај во летниот период со кој се забранува движење на тешки товарни возила за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури. Оваа мерка ќе трае од 1 јули до 31 август.