Во попладневниот дел од расправата беа донесени и одлуките за испраќање на припадници на Армијата на Република Македонија за учество во мировната операција „Алтеа“ во Босна и Херцеговина и во мировната операција УНИФИЛ во Либан.

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска истакна дека ставот на Владата е дека треба да се продолжи со учество во мировните операции на Европската унија и Обединетите нации поради градење на кредибилитет на партнер на меѓународните организации и зголемување на капацитетите на Армијата на Република Македонија.

- На ваков начин и припадниците на Армијата и Македонија како држава која инвестира во стабилноста околу себе и во светот, ќе добијат поттик за реформи и подобра работа, рече Шекеринска.