Министерството за надворешни работи на Република Македонија преку соопштение ја информираше јавноста дека е испратена реакција до редакцијата на „Фајненшел тајмс“ со која се бара промена на насловот на текстот од интервјуто со министерот за надворешни работи Никола Димитров.

Според МНР, согласно изјавата на Димитров, насловот би требало да гласи: „Македонија ја разгледува можноста за користење на привременета референца за зачленување во НАТО“.

По реакцијата на Министерството за надворешни работи на Република Македонија, редакцијата на „Фајненшел тајмс“ веќе го смени насловот на текстот.

„Фајненшл Тајмс“ претходно објави наводна изјава од Димитров дека „Македонија ја разгледува можноста да го смени името за да влезе во НАТО“.