Во текот на изминатата недела (21.01 - 27.01.2021 година) со специјалните возила пајак се подигнати 245 возила од јавните површини
Без вода денеска од 10 часот ќе бидат корисниците од улиците „Бриселска“, „Софиска“, „Копенхагенска“, „Његошева“ и дел од „Женевска“, соопштуваат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје
Градот Скопје во соработка со општина Чаир и Здружението на корисниците на деловен простор во деловниот центар „Мавровка“ почна со уредување на третиот и најголем зелен покрив во Скопје - покривот на „Мавровка“.
Децата во сите објекти на градинки во Карпош добиваат здрав и квалитетен оброк. Иако градинките работат по протоколи и со намалени капацитети, техничкиот персонал, вработените во кујните целосно се посветени за навремено да обезбедат здрави и квалитетни оброци за децата
Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 19 нови пациенти поради компликации од корона вирусот
На утрешната шеесет и трета седница, Советот на Град Скопје ќе одлучува за давање донација на едно противпожарно возило и две мобилни лафетни млазници на здружението ЕКО ФАП од Охрид
Од РЦУК Скопје информираат дека прекинот со водоснабдувањето ќе биде се до завршување со активностите.
Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа утре без струја ќе останат дел од корисниците од општините Карпош и Сарај.
Без вода утре ќе бидат корисниците на улиците „Стив Наумов“, „Тетовска“, „Златко Шнајдер“, Сообраќајна Полиција и Амбулантата на МВР, информираат од ЈП „Водовод и Канализација“ – Скопје.
Во гимназијата „Никола Карев“ и во основното училиште „Аврам Писевски“ во Скопје денеска беа донирани лаптопи за ученици кои немаа соодветен ИТ-уред за следење онлајн-настава. Членки на Стопанска комора за ИКТ – МАСИТ донираа вкупно 30 користени компјутери, ги сервисираа и ги ставија во функција.