Богдановиќ: Планот каде треба да се градат висококатници е под ревизија
До општина Центар досега нема доставено ниту проект ниту барање за издавање дозвола за градба на висококатница, но и да биде доставено такво барање тоа ќе биде одбиено, бидејќи планот за делот каде е планирана изградбата на висококатниците е под мораториум и се ревидира, како и триесеттина други планови во општината, изјави денеска градоначалникот на општина Центар Саша Богдановиќ.