Презентирани физибилити студијата и идејниот проект за изградба на булеварот Никола Карев
Во просториите на Град Скопје денеска беа презентирани физибилити студијата и идејниот проект за изградба на булеварот Никола Карев, на потегот од крстосницата со булеварот Словенија до обиколницата. На презентацијата присуствуваше и градоначалникот Шилегов, како и претставници на засегнатите стопански субјекти од индустриската зона во Визбегово, што се наоѓаат по должината на трасата, коишто се вклучија во дискусијата.