Голем пожар избувна попладнево во парк во северното атинско предградие Маруси.
Владата на Србија усвои Предлог закон за измена и дополнување на законот за националните совети на национлните малцинства, меѓу кои е и македонското малцинство, кој што наскоро ќе влезе во собраниска процедура.
Само доколку се исполнат и завршат сите предвидени услови од договорот, тогаш ќе се ратификува од парламентот, рече претседателот на грчкиот Парламент, Никос Вуцис.
Грчките медиуми во денешните текстови за прашањето за името акцентот го ставаат на очекуваниот телефонски разговор меѓу двајцата премиери Алексис Ципрас и Зоран Заев. Телефонскиот разговор, според новинарите во Грција би требало да се случи во текот на денешниот ден.
Нема да постои договор доколку не се прифати ерга омнес и уставна ревизија, вели портпаролот на грчката Влада и министер без ресор, Димитрис Ѕанакопулос, во интервју за грчката телевизија „Епсилон“.
Стапката на невработеност во Србија во првиот квартал од оваа година изнесува 14,8 отсто и тоа 14,1 отсто кај мажите и 15,8 отсто кај жените, соопшти денеска Републичкиот завод за статистика.
Доколку има согласност од другата страна, тогаш ќе имаме договор, вели заменик министерот за надворешни работи на Грција Јанис Аманатидис во интервју за грчката телевизија „Скај“.
Познатиот српски турбо-фолк пејач Синан Сакиќ почина утрово во Белград, по битката со тешка болест на црниот дроб.
Грчкиот премиер Алексис Ципрас изјави дека Грција годинава очекува рекорден број туристи, односно 32 милиони гости.
„Кругот на пријатели“ на унгарскиот премиер Виктор Орбан посредно ја финансира кампањата на опозициската Словенечка демократска партија (СДС) на поранешниот премиер Јанез Јанша, за парламентарните избори в недела, објави мариборскиот весник „Вечер“.