Сомнителна кеса со плински боци и запалива течност пред објектот на Фондот за социјално осигурување во Атина
Мали плински боци и шишиња со запалива течност, содржела сомнителната кеса што утрово беше пронајдена пред објектот на Фондот за социјално осигурување во атинска населба, по што беа евакуирани вработените и затворена улицата, јави дописничката на МИА од Атина.