Полицаец во СВР Струмица М.Р (30) на 5 август годинава управувајки мотоцикал марка „YAMAHA FZ1“ со бугарски регистарски таблици, учествувал во сообраќајна незгода, во која со телесни повреди се здобило малолетно лице од Струмица.
Две лица добија лесни повреди во скопската населба Ченто, откако 30-тина куршуми биле испукани во нивниот автомобил од автоматска пушка “Калашников”. Куршумите биле испукани од друг автомобил во движење, кој бил без регистарски таблички.
Три бугарски државјанки биле приведени од полицијата како осомничени дека се сторителки на три кривични дела „кражби“, информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.
Во текот на вчерашниот ден регистрирани се три пожари, од кои два во Скопско и еден во делчевско Звегор, кои по интервенции на бригадите за противпожарна заштита се изгаснати.
На место викано „Подводенци“ - Прилеп, во водите на локалната река вчера околу 16 часот бил пронајден починат О.Н. (67) од Прилеп.
Мотоциклист загина, а пешак е тешко повреден во сообраќајка што се случила вчера попладне во Охрид.
Еден возач на мотоцикл и еден сопатник во автомобил се потешко повредени, а 17 лица полесно повредени во 36 сообраќајки што викендов се случиле на подрачјето на СВР Скопје.
Биоенергичар од Битола со иницИјали М.Н., според пријава во полицијата, вчера извршил полови дејствија врз 16 годишна девојка од Скопје, која отишла кај него со нејзината тетка.
Три трактори со вкупно шест кубни метри нелегално исечени дрва и две моторни пили одзела полицијата на две места во полошко во текот на вчерашниот ден, информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.
Македонската полиција денеска кај село Смоквица пронајде 83 илегални игранти, од кои 11 малолетни лица, во возило влекач сопственост на фирма и управувано од гевгеличанец.