Наредена обдукција врз двајцата починати во престрелката на „Рузвелтова"
По наредба на јавен обвинител, телата на двете лица убиени во престрелката на „Рузвелтова“ се предадени на обдукција на Институтот за судска медицина, криминалистика и медицинска деонтологија, а возилото „сеат алтеа“ во кое се превезувале е подигнато за вештачење, соопшти Јавното обвинителство на РМ.