Тешко повреден возач кој излетал од мост и паднал на шини на пруга
Во СВР Велес синоќа во 22:45 часот било пријавено дека на ул.„Вардарска“, односно на мостот кај Градскиот базен патничко возило „хјундаи гец“ со велешки регистарски ознаки, управувано од К.Ќ.(53) од Велес, излетало надвор од коловозот, односно паднало на шините од пругата.