Му препорачуваме на обвинителството и судот, наместо да ја убиваат слободната мисла, со истата енергија да се посветат кон расветлување на коруптивниот случај каде премиерот Заев на видео снимка бара поткуп од 200 илјади евра.
Оваа Влада нема концепт и знаење како да ја води економијата. Македонија ќе продолжи економски да тоне бидејќи црното економско трио Заев, Тевдовски и Анѓушев немаат намера да ги намалат непродуктивните трошоци и буџетскиот дефицит.
ВМРО-ДПМНЕ продолжува да шири лажни вести и потврдува дека 11 години работеа на свесно уништување на економијата. Економските штети што ги направи Никола Груевски сега ги санира Владата предводена од СДСМ, со одговорно работење.
Сите релевантни меѓународни институции како што е Светската Банка и ММФ проектираат црна слика за македонската економија само неколку месеци по доаѓањето на власт на СДС.
Сега СДС со своите катастрофални економски политики полека, но сигурно не враќа во 90-тите, стапката на невработеност ќе расте, просечните плати веќе се намалуваат.
СДСМ испрати писмена реакција на денешниот говор на Никола Груевски за време на свечената академија на ВМРО-ДПМНЕ по повод 23 Октомври.
ВМРО ќе го издржи и ова бидејќи има света мисија пред себе, ја има Македонија како водилка и инспирација, бидејќи без разлика на се што ќе кажат и ќе ве убедуваат, ако го нема ВМРО ќе ја нема ни Македонија, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.
Денес одиме по трнлив, тежок и мачен, но исправен пат. Патот мора да се изоди бидејќи друг пат нема. Идејата мора да живее бидејќи ако ја нема идејата, ќе ја нема ни иднината.
Веќе десет години, Македонија го слави 23-ти октомври како државен празник, денот на македонската револуционерна борба, денот на основањето на МРО, подоцна ВМРО.
МВР призна дека го прислушкува целиот врв на ВМРО-ДПМНЕ. МВР ги потврди наводите на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, господинот Никола Груевски, дека МВР прислушкува над 100 луѓе од врвот на партијата.