Хидројаловиштата кријат ретки и скапи метали
Старите хидројаловишта во источна Македонија се потенцијални рудници. Научната фела забележува дека едно од нив, големата површина на самиот влез во Пробиштип обрасната со трска, во кој се депонирала јаловината по процесот на обработка, а која поминувала низ погоните во флотација наместо да стои како потенцијална еколошка бомба на државата може да и донесе и солиден приход.