Се заштитува оригиналниот живопис во црквата „Свети Никола“ во Зрзе
Прилепскиот завод и музеј ги заврши годинашниве едномесечни конзерваторски работи на фрескоживописот во црквата „Свети Никола“ во селото Зрзе, Долненско, на кој се работи неколку години. Црквата е, всушност, во подножјето на манастирот „Свето Преображение“.