Во Прилеп почнува одбележувањето на 17-годишнината од „Карпалак“
Со повеќе настани, Прилеп ги почнува чествувањата по повод 17-годишнината од загинувањето на 10-те прилепски бранители кои во заседа на патот Скопје-Тетово, кај месноста „Карпалак“ беа убиени на 8 август 2001 година. По тој повод, денеска прилепскиот градоначалник Илија Јованоски се сретна со семејствата на загинатите бранители.