Министерот за култура Асаф Адеми оствари работна средба со Серхат Кула, директор на Турскиот културен центар – Институт „Јунус Емре“, на која разговараа за досегашната соработка и за проектите што ќе се реализираат во 2019 и 2020 година
Актерот, сценарист и режисер Коле Ангеловски објави автобиографска книга за 50-те години кои работно ги поминал во Драмски театар-Скопје
Факултетот за драмски уметности денеска напладне ќе одржи комеморација за нивниот професор, режисерот Златко Славенски, кој ненадејно почина во понеделникот.
Филмскиот критичар и уметнички директор на фестивалот „Браќа Манаки“, Благоја Куновски-Доре, ќе претседава со жирито на филмската критика ФИПРЕСЦИ на 41.Интернационален филмски фестивал во Москва (МИФФ), кој ќе се одржува од 18 до 26 април
Во Ликовниот салон на МАНУ утревечер од 20 часот ќе биде отворена изложба на околу 80 оригинални дела од 17 уметници од 20 век членови на Академијата на науките и уметностите на Босна и Херцеговина
Претставата „Како се прави човек“, во режија на Хана Миленковска, е добитник на Гран при наградата за најдобра претстава во целина на 12. Интернационалниот театарски фестивал (ИТФ) „Лица без маски“, информираат од фестивалот
Македонскиот брас квартет, Стојанче Косовски (труба), Александар Златески (труба), Горан Јанев (хорна) и Владан Дробицки (тромбон), денеска од 18:30 часот ќе оддржи концерт во КИЦ на РСМ во Софија
Во Младинскиот културен центар вечер од 20 часот ќе биде отворена возобновената изложба „Современа скулптура“ на Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ)
МАНУ денеска сo свечен собир одбележа 110 години од раѓањето на академик Харалампие Поленаковиќ (1909-1984), кој е меѓу основачите на Академијата во 1967 кога бил нејзин потпретседател. Бил долгогодишен професор на Филолошкиот факултет во Скопје и основоположник на проучувањето на историјата на македонскиот јазик и литература.
МАНУ денеска напладне ќе организира свечен собир по повод 110 години од раѓањето на Харалампие Поленаковиќ, еден од основоположниците на историјата на македонската литература, долгогодишен професор на Филолошкиот факултет во Скопје и меѓу првите членови на Академијата.