Камерниот оркестар „Солисти на ФМУ“ под диригентско водство на Борјан Цанев вечер ќе одржи концерт во зградата на Филхармонијата
Во просторот „Булевар на книгите“ на издавачката куќа „Матица Ексклузив“, в среда, на 24 април, ќе се одржи промоција на третото издание на новелата „Ласа“ на авторката Наташа Димитриевска Кривошеевa
Друштвото за издавачка дејност „Македоника литера“ од Скопје го објави романот „Прашај го тато“ на чешкиот писател Јан Балабан, во превод од чешки јазик на Донка Роус и Даниела Роус Мишевска
Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ) вечер од 20 часот во галеријата на Младинскиот културен центар ќе ја отвори изложбата „Молк за …“ – трета од проектот „Поместени граници“
„Вечер на соло песни“ е насловен рециталот на вокалниот солист, бас-баритонот Милан Силјанов, кој подолго време е активен на европските музички сцени
Во рамки на дополнителната програма на „Охридско лето“, а по повод големиот христијански празник Велигден, во катедралната црква „Св. Софија“ утре со почеток од 18 часот ќе се одржи концерт на духовна музика со ансамблот „Ноктурно“ од Србија.
Македонското студентско етнолошко друштво (МСЕД) и Град Скопје од утре ќе го продолжат проектот за стрип-илустрации на митолошките јунаци од Скопско, што го почнаа минатата година, а е наменет за средношколци и студенти
Драмското студио „Летечка театарска трупа“ при Центарот за култура Иљо Антески Смок во текот на мај со една премиера и ново прикажување ги започнуваат годинешните активности и претставувања на работата пред публиката. На 8 мај со почеток во 19 часот ќе биде прикажана претставата „Возможна приказна – Абракадабра”
Во организација на Националната установа Центар за култура Крива Паланка синоќа се одржа промоција на книгата „Последната книга на планетата земја” од младиот автор, Филип Петровски од Куманово
Николина Андова-Шопова која за книгата „Некој бил тука“ ја доби наградата „Роман на годината 2018“ од Фондацијата „Славко Јаневски“, денеска од 12 до 14 часот во книжарницата „Или-или“ ќе има неформална средба со читатели и ќе потпишува примероци од наградениот роман