Обезбедување рурален развој преку подобар пристап до земјиште за жените од Западен Балкан
Македонија постигнала најголем напредок и пораст во однос на стекнувањето имот од страна на жените во регионот на Западен Балкан. Во 2013 година, процентот на регистрации на имот каде жени се сопственици или сосопственици бил 16,63, а во 2019 се зголемил на 27,27 проценти