Во Ниш продолжуваат состаноците на Србија, Македонија и Албанија во рамки на Отворен Балкан
Заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство во Македонија, Трајан Димковски, вчера истакна дека реализацијата на иницијативата „Отворен Балкан“ нема да биде лесна, и дека сите три влади заедно ќе се борат за таа да успее.