Преку нови финансиски инструменти ќе се финансира дефицитот на Буџетот за 2022 година
Министерството за финансии преку нови финансиски инструменти – развојни, зелени, проектни обврзници и обврзници индексирани со инфлацијата, ќе го финансира дефицитот на Буџетот за 2022 година што е проектиран во износ од 33,5 милијарди денари или 4,3 отсто од БДП и е помал за 2,2 проценти од БДП во споредба со предвидениот со Ребалансот на Буџетот за 2021 година