Народната банка на Република Македонија ја задржува проекцијата на раст на БДП за годинава до 3,2 проценти и за наредната година до 3,5 проценти.
Собранието на Република Македонија денеска на првото продолжение на 45. седница го донесе Законот за финансиска поддршка на инвестициите.
Синдикатот на „Еурокомпозит“ денеска го прекина штрајкот и протестот пред Владата по постигнатиот договор со премиерот Зоран Заев.
Доцна синоќа владата постигна договор со вработените од Еурокомпозит, при што е договорено во понеделник линеарно на сите вработени да им се исплати платата, информира денеска владиниот портпарол Миле Бошњаковски.
Еднаш засекогаш треба да ја расчистиме дилемата: што треба кај нас да се произведува. Се уште лутаме и ги немаме дефинирано стратегиските производи. Ако некој производ е стратегиски, треба да му се даде и такво значење.
Цените на роамингот за Македонија и за Србија ќе бидат намалени во август, а одлуката за тоа ќе биде донесена за време на бугарското претседавање со ЕУ, изјави министерот за транспорт на Бугарија Ивајло Московски.
Народната банка на Република Македонија денеска ќе ги објави новите макроекономски проекции за годинава.
Вработените во „Еурокомпозит“ кои протестираат пред Владата во Скопје, не постигнале договор со премиерот Зоран Заев на попладневната средба.
На 29 април 2018 година во организација на Светската организација на слободни зони (WFZO) во Дубаи, ОАЕ се одржа 4 –тата по ред меѓународна конференција во која членува и Македонија преку Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони (ДТИРЗ). s
Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија (KСС) соопшти дека ги поддржува заложбите на Владата за финансиска поддршка за растот на платите во трудоинтензивните фирми, за одржување на спиралата и поттикнување на растот на платите по зголемувањето на минималнта плата.