Минималните трошоци на едно семејство во јули изнесувале 60.570 денари и во споредба со јуни трошоците се зголемени за 245 денари, објави денеска Сојузот на синдикати на Македонија.
Ребалансот беше усвоен на владина седница во вторникот, а во средата на прес-конференција во Владата го образложи министерката за финансии Гордана Димитриевска-Кочовска.
Управата за јавни приходи денеска соопшти дека од следната седмица преку Министерството за финансии ќе започне исплатата на повратот на ДДВ.
Вкупните депозити во јуни бележат годишен раст од 7,2 проценти, а вкупните кредити од 6,4 проценти, објави денеска Народната банка.
Во рамки на серијата посети на фирми кои работат во технолошко индустриските развојни зони, а со цел директна комуникација и поддршка на компаниите, директорот на ТИРЗ, Гоце Димовски ја посетил фабриката на Текнопанел во Скопје.
Заменик на претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски денеска на својот Фејсбук профил објави дека е исплатена плата на Македонски железници инфраструктура, Македонски железници транспорт и Македонски пошти.
Тој посочи дека е неопходна регионална соработка на овој план, „бидејќи сите земји од регионот и Европа треба да најдат алтернатива на рускиот гас и неговата злоупотреба за политичко влијание“.
Во ек на летна сезона зголемен е интензитетот на сообраќај на граничниот премин Табановце. Денеска функционираа сите ленти и времето на чекање е околу 15-тина минути
Како царинска управа во моментов имаме заложби и реагираме за автоматизација на терминалите на граничните премини.
Во време кога енергетската одржливост игра се поголема улога, настанот „Соларна енергија за бизниси“ предизвика огромен интерес и обедини над 70 претпријатија од различни сектори, и тоа од преработувачката индустрија, услужни дејности, до компании од енергетска дејност.