Забава со стотина луѓе, без маски и дистанца во ноќен клуб во Струмица
Гужви, турканици, без заштитни маски и непочитувајќи ги мерките за заштита од корона вирусот, вака викендов изгледаше забавата на стотици луѓе на музика во живо, во струмичкиот клуб „Аватар“. Клубот работи и покрај забраната за работа на ноќните клубови, со настапи на познати музичари од земјава.