Најмногу од заразените минатата недела биле помеѓу 30 и 39 години и над 60 години
Во однос на минатата недела, како што се посочува, најголемо зголемување на бројот на ново регистрирани случаи се бележи во возрасните групи од 20 до 29 години и од 30 до 39 години, за 60 отсто односно 46,1 отсто. Најголем број од регистрираните – 519 (43,1 отсто) се од Скопје, а највисока неделна инциденца е регистрирана во Берово – 192,3 на 100.000 жители.