Милошоски: Како тоа пратениците да работат од дома, а наставниците, градежниците, продавачите, судиите да одат на работа?
Милошоски наведува дека ако бил Уставот за онлајн сесии ќе пишувало учество, а не присуство, како што прецизно е утврдено и со Деловникот во членот 29 во којшто се наведува дека пратеникот има право и должност да присуствува на седниците на Собранието и да учествува во работата и во одлучувањето.