Работнички ќе тестира со Динамо Загреб, Сараево, Триглав и Домжале
Експедицијата на ФК Работнички веќе втор ден е во базата Терме Чатеж во Словенија одработувајќи ја втората фаза од летните подготовки. Во овој период фокусот ќе биде ставен и на одигрување пријателски натпревари.