Англискиот прволигаш Тотенхем стави крај на сагата околу наследникот на Португалецот Жозе Мурињо, назначувајќи го вечерва неговиот сонародник Нуно Еспирито Санто за нов тренер.
Шкотските власти пријавија денеска речиси 2.000 случаи на коронавирус поврзани со гледање на натпреварите на ЕУРО2020 на стадиони, јавни собиiри, во пабови и приватни домови.
Италијанскиот фудбалски прволигаш Фиорентина го назначи денеска Винченцо Италијано за нов шеф на стручниот штаб, потпишувајќи договор за двегодишна соработка со опција неговиот престој во клубот да биде продолжен за уште една година.
Членовите на украинската Влада ја одржаа денешната седница облечени во дресовите на фудбалската репрезентација за да го прослават пласманот на националниот тим во четвртфиналето на ЕУРО2020.
Бесплатно следење на натпреварите во женската фудбалска Лига на шампиони (ЛШ) почнувајќи од групната фаза ќе им овозможи договорот вреден рекордни 32 милиони долари што УЕФА денеска го потпиша со глобалниот спортски стриминг сервис „ДАЗН“ и платформата за споделување видеа „Јутјуб“.
Поранешниот тренер на Ливерпул, Челзи и Њукасл, 63-годишниот Рафа Бенитез, се врати во англиската Премиер лига и од идната сезона ќе седи на клупата на Евертон.
Англиската фудбалска федерација (ФА) објави денеска дека се откажува од 2.560 влезници што и следуваат за четвртфиналниот дуел на ЕУРО2020 против Украина во Рим, и ги повика англиските навивачи да не патуваат во Италија за натпреварот.
Холандскиот јавен радиодифузен сервис (НПО) се извини денеска поради погрешниот текст што го објави при интонирањето на германската химна пред вчерашниот осминафинален натпревар од Европското првенство меѓу репрезентациите на Англија и Германија во Лондон.
Фудбалерот за врска на Фиорентина, Франк Рибери ќе го напушти клубот, објави новинарот Николо Шира
Францускиот претседател Емануел Макрон го поддржа напаѓачот на репрезентацијата Килијан Мбапе по елиминацијата на „триколорите“ од ЕВРО 2020