Силекс и Струга ремизираа на отворањето на Конференциската лига
Фудбалерите на Силекс одиграа попладнево во Скопје нерешено 1:1 против Петрокуб од Молдавија, додека екипата на Струга со идентичен резултат се враќа од гостувањето во Летонија кај Лиепаја, во рамки на првите натпревари од 1. квалифкациско коло во УЕФА Конференциската лига.