Македонските одбојкари целат на медал на Балканијадата во Приштина
Со амбиции за освојување медал, македонската репрезентација за одбојкари до 20 години од утре до сабота ќе учествува на Балканското првенство во Приштина, а избраниците на селекторот Ванче Санев за противници ќе ги имаат репрезентациите на домаќинот Косово, Бугарија, Турција, Црна Гора и Албанија.