На парламентарните избори во Косово се пријавија 28 политички субјекти, од кои 20 политички партии, пет коалиции, две граѓански иницијативи и еден независен кандидат, соопшти централната изборна комисија во Приштина.

Рокот за пријавување заврши на полноќ.

На изборите меѓу другото се пријавија Движењето Самоопределување, Демократската партија на Косово, Демократскиот сојуз на Косово и Алијансата за иднината на Косово во коалиција со Социјалдемократската иницијатива, Конзервативната листа и Форумот на интелектуалци.

Српска листа вчера поднесе листа на кандидати за пратеници со 48 имиња.

Списоци поднесоа уште пет српски партии - Српското народно движење, Српската демократија, Партијата на косовските Срби, За слобода, правда и опстанок и Граѓанската иницијатива Народна правда.

Парламентарните избори на Косово се закажани за 9 февруари