Шпанската фудбалска федерација на својата официјална веб-страница денес го објави календарот на натпреварите од Ла Лига за сезоната 2022/23.

Барселона и Реал Мадрид ќе играат меѓу себе на 16 октомври во Мадрид (9. коло) и на 19 март 2023 година во Барселона (26. коло).

Натпреварите од првото коло на шампионатот на Шпанија ќе се одржат на 14 август. Сезоната ќе заврши на 4 јуни 2023 година.

Во првото коло ќе играат:

Атлетик Билбао – Мајорка

Барселона – Рајо Ваљекано

Бетис – Елче

Селта – Еспањол

Кадиз – Реал Сосиедад

Осасуна – Севилја

Алмерија – Реал Мадрид

Хетафе – Атлетико Мадрид

Ваљадолид – Виљареал

Валенсија – Жирона.