Германскиот фудбалски репрезентативец Антонио Рудигер потпиша денеска официјално договор со Реал Мадрид, објави шпанскиот првак.
Рудигер (29) претходно денеска ги мина медицинските прегледи во Мадрид, а потоа во присуство на претседателот на Реал, Флорентино Перез, потпиша четиригодишен договор со актуелниот шпански и европски првак.
Германецот дојде во мадридски Реал без обесштетување, откако му истече договорот со Челзи.
Рудигер во Реал ќе го носи дрес со бројот 22.