Фудбалскиот клуб Бордо испадна во Третата француска лига поради финансиски неправилности, соопшти денеска управното тело на француската лига (ЛФП).
Бордо, кој е шесткратен првак на Франција, беше деградиран во втората лига минатиот месец откако заврши на дното во Лига 1 и има долгови од околу 40 милиони евра.
Клубот не успеа да го увери финансиското надзорно тело на францускиот фудбал (ДНЦГ) дека ќе може да ги исполни своите финансиски обврски во претстојната сезона.
Бордо, кој од лани е во сопственост на претприемачот Жерар Лопез, објави дека ќе се жали на пресудата