Младиот холандски 20-годишен репрезентативец Рајан Гравенберх потпиша петгодишен договор со германскиот првак Баерн Минхен, објави баварскиот клуб.
Гравенберх во Минхен доаѓа по освоената шампионска титула во Холандија со Ајакс во чија фудбалска академија се запиша на осумгодишна возраст.
За сениорскиот тим дебитираше со 16 години и за четири сезони собра вкупно 103 настапи во дресот на Ајакс на кои постигна 12 голови.
– Кога Баерн ме повика, не требаше два пати да размислувам. Доаѓам во Минхен за да освојам многу трофеи, а во Баерн се навикнати на освојување титули. Во овој клуб сè е можно, вклучувајќи и триумф во Лигата на шампиони, изјави Гравенберх.