Војна. Инфлација. И сега, дежа ву – „заклучување“ поради Ковид во Кина. Тоа е совршена бура за глобалниот синџир на снабдување – како стоките и материјалите доаѓаат од другите земји до нас.
Кога се случуваат прекини во Кина, тоа е значајно бидејќи околу една третина од целиот светски производствен капацитет е со седиште во таа земја.
Ако купувате нешто онлајн, има многу добри шанси да е направено во Шенжен – град со 17,5 милиони жители на југоисток каде што се сместени приближно половина од сите онлајн извозници на мало во Кина.
Така, кога Шенжен влезе во шестдневно заклучување во неделата по масовниот пораст на случаи на Ковид, тоа ги погоди бизнисите во светот. Оттогаш, ограничувањата се проширија во други големи градови и провинции како Шангај, Џилин и Гуангжу.
Фабриките мораа да го прекинат производството, а градовите се претворија во градови на духови.
Бројот на бродови кои чекаат на некои кинески пристаништа веќе е зголемен, според проект44 кој следи како се движи товарот низ светот. „Видовме 28,5 отсто зголемување на бројот на бродови кои чекаат надвор од пристаништето Јантиан, кое е главно пристаниште за извоз во Европа и Северна Америка“, вели Адам Компаин, виш потпретседател на проектот44.
Јантиан е истото пристаниште кое беше затворено поради Ковид минатата година, предизвикувајќи големи одложувања на испораката во текот на Божиќ.
Новите мерки доаѓаат во време кога производствениот аутпут од Кина штотуку почна да закрепнува по кинеските лунарни новогодишни празници во февруари.
Иако мерките за Ковид во Кина се драстични, сепак, барем повеќето заклучувања не траат премногу долго.
– Тоа е меч со две острици, вели Стивен Линч, управен директор во Британската трговска комора на Кина. „Кина паѓа многу брзо што предизвикува огромни нарушувања, но потоа, работите се враќаат во нормала релативно брзо“.
Компаниите, исто така, се чини дека овојпат се многу подобро подготвени.
„Ги видовме овие заклучувања и порано, така што компаниите воведоа робусно управување со синџирот на снабдување“, објаснува Линч.
На пример, гигантот за е-трговија Амазон купи повеќе залихи од Кина за да ги спречи сите потенцијални нарушувања за време на претходните бранови на Омикрон за да не се соочи со значително нарушување од најновите мерки.
„Ние сме во состојба да се спротивставиме на овие затворања со пренасочување на достапниот товар кон нашите соседни магацини во регионот“, изјави портпаролот на Амазон за Би-Би-Си.
Друг пример е Foxconn кој прави ајфони за Епл. Се обиде да го префрли производството на други производствени локации додека го обнови производството барајќи од вработените да работат во затворен систем – или балон – во кампус каде што луѓето живеат и работат.
„За Foxconn, веројатно е полесно“, вели Ден Ванг, главен економист во банката Ханг Сенг Кина.
– Но, многу од производителите, мора да се потпрат на пратки со други делови, главно во истиот регион, така што е навистина тешко да се премести бидејќи транспортот во Кина исто така може да биде нарушен“.
Од шупливо во празно
Ситуацијата повторно го сврти вниманието кон кинеската стратегија за нулта-Ковид – или елиминација на вирусот.
Во четвртокот, претседателот Си Џинпинг рече дека земјата ќе се придржува до својата политика, но на состанокот на највисоките власти во земјата, тој исто така нагласи дека пандемиските мерки не треба да предизвикуваат економска болка.
Ако Кина продолжи со својата нулта или блиску до нулта стратегија за Ковид, можеби кинеската економија и глобалните потрошувачи што ги снабдува ќе ја почувствуваат вистинската болка.
Алвин Еа, извршен директор на најголемата платформа за транспорт на контејнери во Сингапур, Haulio, верува дека индустријата стана многу поотпорна, гледајќи ги опциите различни од Кина.
„Многу играчи веќе имаат диверзифицирано дел од нивните ресурси и нивните планови, да не ги ставаат сите јајца во еден кош“, вели тој.
„Од гледна точка на југоисточна Азија, она што може да го видиме потенцијално е дека некои од виетнамските, малезиските и индонезиските фабрики би можеле да забележат зголемување на нарачките.
Питер Санд, главен аналитичар во Xeneta се согласува.
– Плановите за вонредни ситуации на компаниите вклучуваат сè, од зголемување на нивните залихи на инвентар до поставување производствени капацитети во соседните земји или потенцијално поскапата опција за враќање на одредено производство блиску до местото каде што се нивните главни клиенти“, вели тој.
Мајкл Харт од Американската стопанска комора во Кина, вели дека голем број нејзини членки размислувале за операции за преместување, иако тие сè уште се малкумина.
– Но, од оние кои размислуваа за преместување, 22 отсто ги наведоа ограничувањата поврзано со Ковид минатата година, а тоа беше зголемување од 5 проценти во однос на претходната година“.