Најмалку шест лица загинаа, а повеќе од 20 беа повредени кога автомобил влета во толпа посетители на карневал во мало гратче во јужна Белгија.
Инцидентот се случи во градот Стрепи-Бракуегнис, на околу 50 километри јужно од Брисел, каде во неделата во мугрите се собраа околу 150 луѓе на годишната фолклорна парада.
„Автомобилот се приближи одзади со голема брзина. Имаме неколку десетици повредени и, за жал, неколку мртви“, изјави градоначалникот Жак Гобер за радиото RTBF.
Според медиумите, несреќата најверојатно ја предизвикал автомобил кој го бркал полицијата.