Најмалку едно лице загина кога вечерва беа погодени неколку станбени куќи и трговски кварт при гранатирањето на Подол, историскиот кварт на Киев, изјави градоначалникот на украинскиот главен град, Виталиј Кличко.

Тој истакна дека во Подол одекнале неколку експлозии.

– Според информациите што ги имаме во моментов, погодени се неколку куќи и еден од трговските центри, објави Кличко на Телеграм.

Тој додаде дека на местото на нападот пристигнале спасувачки екипи, медицински работници и полиција. Пожарникарски екипи го гаснат големиот пожар во трговскиот пожар.

На Твитер се појави видео снимка од наводното гранатирање вечерва на Киев.

Западните медиуми напоменуваат дека не можат независно да ја потврдат оваа информација