Почна асфалтирањето на улиците „146“ и „149“ во кумановската населба Карпош, информираа денеска надлежните од Секторот за комунални дејности. Од општинскиот буџет за асфалтирање на улицата „146“ одвоени се 1.275.337 денари, а за улицата „149“ одвоени се 1.480.570 денари без вклучен данок на додадена вредност.

Според договорот со фирмата изведувач, се очекува асфалтирањето да заврши за помалку од еден месец.

Претходниот период беа асфалтирани повеќе од десет помали улички во населбата „Карпош“ и беше поставен бекатон на одредени локации. Со ова, сметаат надлежните од Секторот за комунални дејности, се очекува да се подобри безбедноста на пешаците и возачите во овој дел од градот.


Администратор
25/11/2021 12:20