Со концерт на брас-составот „Брастет”, вечер во Делчево продолжуваат културните настани во организација на Центарот за култура „Никола Јонков Вапцаров” од Делчево.

-Ги повикувам делчевчани на концертот на Брастет, составен од музичари кои со своето повеќегодишно искуство од сите сфери на музиката ќе се обидат да донесат добар звук и свежа програма. Тенденција на овој брас-состав е да се доближи до публиката популарната музика, филмската музика како и популарната класика, истакна директорот на Центарот за култура „Никола Јонков Вапцаров“ Методи Толевски.

Тој ги покани делчевчани да го проследат концертот кој ќе се одржи во кино салата во Делчево и да бидат сведоци на едно поинакво музичко доживување.

Концертот е закажан со почеток во 18 часот, а настанот ќе се реализира со задолжително почитување на мерките за заштита и поседување сертификат.


Администратор
27/10/2021 11:09