Лидерот на либанската шиитска партија Хезболах Хасан Насрала изјави дека неговото движење има 100.000 вооружени и обучени борци и ја предупреди христијанската партија „Либански сили“ да не се обидува да предизвика граѓанска војна.

Тој ја обвини партијата Либански сили дека нејзини припадници отвориле оган врз неговите соработници и членови на шиитското движење Амал, убивајќи седум лица и оти се вооружува со цел да предизвика граѓанска војна.

Хезболах и Амал во четвртокот одржаа демонстрации пред суд во Бејрут со барање за смена на судијата Тарик Битар, кој беше одговорен за истрагата за експлозијата на пристаништето во Бејрут во 2020 година, во која загинаа повеќе од 200 луѓе.

Двете групи ги обвинуваат Либански сили за распоредување снајперисти на покривите на неколку згради и отворање оган врз демонстрантите.


Администратор
19/10/2021 11:20