Конзорциумот составен од компаниите „Костал Македонија“, „ОДВ Електрик“, „ЛТХ Леарница“ и Електромашинскиот училишен центар „Свети Наум Охридски“ од Охрид добија грант за набавка на современа дидактичка опрема во вредност за потребите на средношколската установа.

Грантот во износ од 580 илјади евра од „RCF“ фондот поддржан од германската„ KFW“ банка е насочен кон подобрување на условите за практичната настава и осовременување на училишната работилница во OЕМУЦ „Свети Наум Охридски”, со цел Охрид да прерасне во центар за обука на квалификуван кадар не само од градот и околината туку од целиот југо-западен регион.

Општинскиот Eлектро-машински училишен центар „Свети Наум Охридски“ од Охрид е една од двете средношколски образовни установи во земјата кои пред три години први во наставата го воведоа концептот за дуално образование.

Засега во центарот се образуваат кадри за профилите од електрохеничка струка за звање „техничар за индустриска мехатроника“ и од машинската струка „техничар за производно машинство“, обучени по германски курикулум на дуалниот модел, што подразбира спроведување на наставата и соодветна проверка и потврда на стекнатите знаења.

Концептот дуално образование предвидува поголем дел поточно и до 70 отсто од знаењата, вештините и техниките учениците да ги стекнуваат преку практична настава во една од четирите компании во Охрид – „„Костал“, „Магна“, „ОДВ Електрик“ и „ЛТХ Леарница“ кои веќе имаат искуства од практична настава со сопствени ментори сертифицитрани по германски стандарди.

Покрај државната диплома, знаењата што учениците кои ќе го завршат средното дуално образование ќе можат да ги проверат и пред експерти на германското стопанство и на тој начин да се здобијат со сертифицирани дипломи што ќе им овозможат конкурентност на пазарот на труд, можности за напредување во натамошното образование, но и во професионалниот ангажман.


Администратор
16/10/2021 15:55