Ништо од ветувањата за 25 денари за оризовата арпа, земјоделците и денеска извизија од Владата. Но, добија ветување по средбата во Влада, дека ќе им надоместуваат со интервентни мерки. Дали власта купува време за предизборно да го амортизира гневот и револтот кај оризо производителите од Кочанско?

-Не знам дали се купува време . Целта на оризо производителите е да се реши проблемот. Да се добијат цени кои се одржливи и да можат и понатаму да опстојуват. Со овие цени од 17 денари е невозможно. Ние говоревме за цени кои би биле над 25 денари за оризовата арпа и над 55 денари за белиот ориз, вели за Алфа, Ставре Јанев, претседател на Самостојниот земјоделски синдикат.

Најдоцна до декември на сметките на оризо производителите да им се исплати по 1.800 денари по декар,а дополнително ќе им бидат исплатени и основните субвенции. Ваквата мерка ќе биде од корист, но доколку се постигне повисока откупна цена категорични се од Самостојниот синдикат.

-Отприлика ќе се исплаќа по три денари од килограм, но ќе биде по површина. Да не се чека откупот, бидејќи динамиката на откупот ќе биде задоцнета. Ќе се смета по 6000 килограми по хектар, односно по 18.000денари по хектар и сите субвенции да бидат исплатени до крајот на декември, објаснува Јанев.

Министерот за земјоделие реши да ги прими оризопроизводителите откако тие вчера се заканија дека нема да се мрднат од блокадите доколку не се постигне некаков договор со кој ќе можат да ја ублажат состојбата во која се наоѓаат.


Администратор
14/10/2021 01:44