Четворица Палестинци загинаа денеска во израелски воени напади на Западниот Брег, јави палестинската агенција Маан.

Рано утрово израелските сили извршиле голема операција за приведување активисти на отпорот во северниот дел на Западниот брег. Во предградијата Џенин и Рамала, тие се соочиле со отпор од палестински младински групи. Во судирите со војската загинале четворица Арапи, а неколкумина биле повредени.

Според Ал Џезира, двајца израелски војници се повредени во судирите во таа област.


Администратор
26/09/2021 13:02