Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски на денешното обраќање по повод Петтиот Македонско-германски форум на тема “30 години независност на Македонија” и улогата на Собранието во демократијата во организација на германскатa фондација Конрад Аденауер коментираше во врска со соработката со Германија и странските инвестиции.

Тој се заблагодари во однос на соработката со Германија и истакна дека се работи за најзначајниот партнер кој што Македонија го има без двоумење.

-Германија е најсериозен и најзначаен партнер кој што Македонија го има и политички и економски, ако сакате и културолошки и спортски, на сите планови коишто може да има соработка,политички затоа што се работи за најсилниот поддржувач на проширувањето на ЕУ, моторот на проширувањето на ЕУ што е крајна цел на нас како држава, еден од главните партнери во НАТО алијансата каде што нашата држава е веќе член,економски затоа што е главен двигател на економијата во Европа и на економијата во Македонија, сериозни германски инвестиции се присутни во Македонија и 10.000 илјади луѓе директно или индиректно ја наоѓаат својата среќа и своето вработување во германските компании, рече Николоски

Тој додаде дека му е жал што сегашната влада не ја продолжи политиката на привлекување на странски инвеститори на еден интензивен бидејќи смета дека тоа е политика којашто носи работни места и којашто прави луѓето да останат тука.

-Тоа е политика којашто исто така носи знаење и работна етика којашто е и те како потребно на македонското стопанство и затоа сметам дека таа политика на привлекување на странски инвеститори што би дошле да инвестираат под поволни услови во државата треба да продолжи,она што е исто така значајно е дека Германија е првото место каде што сите ние гледаме и за нови технологии и за нови достигнувања, ако сакате кога ќе ги прашате луѓето за кого навиваат во фудбал најчесто навиваат за германски клубови, за германската фудбалска репрезентација и тоа е еден однос помеѓу нас како мала држава и Германија како голема држава помеѓу нас како мал народ и германскиот како голем народ којшто мислам дека треба да продолжиме да го градиме во следниот период и затоа сум исклучително благодарен на фонадцијата Конрад Аденауер што ја даде оваа можност, посочи Николоски


Администратор
24/09/2021 20:54