ВМРО-ДПМНЕ е со над 4.2% предност пред СДСМ покажуваат мерењата на јавното мислење на граѓаните на „Организацијата за граѓански активизам и независност“. Овие анкети само ја покажуваат реалната слика на терен, каде на граѓаните им е смачено од погрешните политики на власта и безизлезноста во која ја втурнаа државата.

Анкетите ја покажуваат големата поддршка на граѓаните на понудата на ВМРО-ДПМНЕ и политиките „Македонија за сите луѓе“ кои беа презентирани во текот на месеците јули и август, а опфаќаат проекти, мерки и визија за Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ е силно мотивирана од големата поддршка која ја добива од граѓаните, а која пред се е видлива при теренските посети, ваквата поддршка само ќе се зголемува во очи на локалните избори.

Поддршката која ја има Коалицијата ВМРО-ДПМНЕ – АА – А е воочлива и е пред тандемот СДСМ – ДУИ. Власта паѓа.

Поддршката која ја има претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. Др. Христијан Мицкоски наспроти Зоран Заев покажува дека граѓаните сакаат лидери со визија и интегритет, а не луѓе како Заев кои се заглавени во криминалот.

Граѓаните сакаат стабилност, раст и развој. И тоа се докажува со анкетите од каде се гледа точно какви политики поддржуваат граѓаните.


Администратор
21/09/2021 12:38