Иако Зоран Заев вели дека биле повикани за да ги консултираат за здравствената политика во врска со ковид - 19, претседателот на Комисјата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ, доктор Игор Николов ја обелоденува вистината „НИКОГАШ не сме биле повикани, ниту консултирани за предложените мерки за борба против ковид - 19“

- Потврдувам дека ниту јас, ниту некој од 38-те членови на Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ, составена од д-ри со долгогодишно искуство, НИКОГАШ не сме биле повикани, ниту консултирани за предложените мерки за борба со Ковид-19. Како што тврди Зоран Заев на Дуелот на Канал5.

Нашата комисија, на ден 5/7/21 поднесе 15 предлог мерки за подготовка за 4-тиот Делта бран од пандемијата. Беше предложено контрола на гранциите при влез во земјата и да не се дозволат настани во затворен простор. Сето тоа беше игнорирано од Министерство за здравство и Владата.


Администратор
21/09/2021 02:01